-->

Обука за ЗКП во организација на АКРМ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите

Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во рамки на заеднички проект организира практична обука за адвокати  на тема „Унапредување на адвокатските вештини во кривичната постапка“.

Обуката ќе се одржи на 29-30 јуни 2018 година (петок - сабота) во Охрид , х. „Unique“. 

Во рамки на обуката ќе биде спроведена симулација на судење со цел подобрување на вештините на адвокатите особено во делот на директно и вкрстено испрашување. 

Обучувачи на обуката ќе бидат  претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски,  г. Џон Мекнил, резидентен правен советник во Амбасадата на САД во Македонија и поранешен јавен обвинител во САД  и г. Никола Додевски, адвокат со долгогодишно искуство.

Бројот на учесници на обуката е ограничен и истата е пред сѐ наменета за адвокати од АЗ Охрид и АЗ Струга кои досега не ја посетиле обуката. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

>> Агендата можете да ја преземетe од линкот подолу

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме