Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Правното позиционирање на трговецот поединец и практичните импликации од негово егзистирање“ што ќе се одржи на 8 јуни (петок) во просториите на Академијата со почеток во 10 часот.
На советувањето свое излагање ќе имаат г-ѓа Биљана Јачева, судија на Основен суд Велес и г-ѓа Татјана Сусулеска, судија на Апелационен суд Битола.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
-->