На 9 мај 2018 (9.30 ч -11.30ч) во Скопје, во организација на Совет на Европа ќе се одржи тркалезна маса на тема “Меѓународни и домашни обврски за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација”.
Тркалезната маса е дел од програмата на Хоризонталниот инструмент, кој претставува рамка за соработка помеѓу ЕУ и Советoт на Европа со цел да им се помогне на земјите од Западен Балкан полесно да ги исполнат Европските стандарди.
На тркалезната маса ќе бидат презентирани насоките за приватниот сектор, агенциите за вработување и синдикатите во однос на превенцијата и сузбивањето на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација, а свои излагања со практични примери ќе имаат домашни и странски експерти.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
-->
Пријавете се тркалезна маса: „Меѓународни и домашни обврски за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе со цел трудова експлоатација“