-->

АКРМ во соработката со Советот на Европа организира обука - „Ограничување на слободата на изразување: граница помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза со примери од практиката EСЧП“

Адвокатска комора на  Република Македонија, во рамки на соработката со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX), Ве поканува на Обука на тема: „Ограничување на слободата на изразување: граница помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза со примери од практиката EСЧП“.

Обуката ќе се одржи на 19-20 април (четврток-петок) во х. Силекс,  Охрид.

Обуката е  пред се наменета за адвокати кои во својата практика се занимаваат Слободата на изразување, односно членот 10 од Европската конвенција за човекови права. Главната цел на Адвокатската комора, како и на Советот на Европа е преку оваа обука  е да им обезбеди на адвокатите во Република Македонија практични знаења како да ги спроведат стандардите на Европскиот суд за човекови права пред националните судови. Има многу малку адвокати кои имаат практично искуство во спроведувањето на горенаведените стандарди, и затоа постои потреба адвокатите да бидат соодветно обучени во оваа област.

Обучувачи на обуката ќе бидат г-ѓа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и г. Марко Андонов, професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Проектот се спроведува со финасиска поддршка на Советот на Европа. Сите трошоци за сместување на учесниците и сл. ќе бидат финансирани од страна на проектот.  

Бројот на учесници на обуката е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме