Адвокатската комора на РМ (АКРМ) во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) во рамки на заеднички проект организира практична обука за адвокати за Законот за кривичната постапка.
Обуката ќе се одржи на 2-3 март 2018 година (петок - сабота) во Берово, х. Манастир.
Во рамки на обуката ќе биде спроведена симулација на судење со цел подобрување на вештините на адвокатите особено во делот на директно и вкрстено испрашување. Обуката ќе биде реализирана од страна на македонски и американски обучувачи.
Бројот на учесници на обуката е ограничен. Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..