Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Побивање правни дејствија од аспект на Законот за облигациони односи и Закон за стечај“ што ќе се одржи на 2 февруари 2018 година (петок) во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии, судски соработници и адвокати.
Предавачи на советувањето ќе бидат Лидија Димчевска, судија на Апелационен суд Скопје и Александар Шопов, судија и престедател на Основен суд Велес.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..