Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Мерките на процесна заштита согласно ЗКП и Закон за правда на децата / Специфики при испитување дете- жртва и сведок во кривична постапка“.
Советувањето кое наменето за судии, адвокати, обвинители, претставници на надлежни институции е предвидено да се одржи на 6 декември (среда) во просториите на Академијата.
Предавачи на советувањето ќе бидат Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Кети Јованова-Јандријеска, адвокат и Олимпија Гроздановска, преставник на УНИЦЕФ.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..