Адвокатска Комора на РМ и Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) Ве покануваат на бесплатна обука на тема „Одговорност на органи на управување и надзор на трговски друштва“ и коктел дружење.
Обуката ќе се одржи на 26 септември (вторник) од 12.00 часот до 14.00 часот во просториите на Универизитетот (МАПА).
Предавачи на обуката ќе бидат проф. д-р Марко Андонов, Декан на Факултетот за правни науки при УАКС и проф. д-р Зоран Михајловски, професор на Факултетот за правни науки при УАКС.
Во рамки на обуката ќе биде спроведена и презентација во однос на програмите на македонски и/или англиски јазик за додипломски и постдипломски студии на Факултетите на УАКС за кои Универзитетот овозможува попуст за членовите на АКРМ врз основа на Договорот за членство на Адвокатска комора во Деловниот совет на УАКС.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.