Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Постапување на надлежните институции (ЦСР, МВР, здравствени установи) во рамките на остварување на правата на заштита на жртвите (мерки за заштита) што ќе се одржи на 20 јуни (вторник) 2017 година во просториите на Апелациониот суд Скопје.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја, адвокати, претставници на Министерството за правда, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Завод за социјални дејности, Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство.
Излагачи на советувањето ќе бидат судија Зора Треневска од Апелационен суд Скопје, судија Олја Ристова од Основен суд Скопје 1 и Цена Чаловска, претставник од МВР.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..