-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Мобинг – поим и видови, постапки за заштита на вработените од вознемирување на работно место“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Мобинг – поим и видови, постапки за заштита на вработените од вознемирување на работно место“ што ќе се одржи на 9 јуни 2017 година во просториите на Академијата. 

Советувањето е наменето за судии на Виш управен суд, Управен суд, судии од граѓански оддели од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Министерството за правда.

Предавачи на советувањето ќе бидат проф. д-р Зоран Михајлоски, вонреден професор на Факултетот за правни науки, Универзитет Американ Колеџ, Скопје и проф. д-р Жанета Попоска, вонреден професор на Правниот факултет, Универзитет Гоце Делчев, Штип.

Советувањето ќе даде увид во поимот и видовите мобинг, како и заштитата на вработените согласно Законот за заштита од вознемирување на работното место.

Целта на советувањето е разграничување на основните елементи на мобингот и дискриминацијата во работен однос, поставување на основните специфични елементи на овие два поима, како и системот на заштита на вработените од вознемирувањето на работното место.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме