Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Одговорност на управителите за надомест на штета согласно ЗТД со примери од судската практика“, што на 6 јуни 2017 г. ќе се одржи во просториите на Основниот суд Гостивар.
Советувањето е наменето за судии и адвокати од апелационото подрачје Гостивар.
Излагачи на советувањето ќе бидат судија Татјана Сусулеска од Апелационен суд Битола и проф. д-р Марко Андонов од Универзитетот Американ Колеџ, Скопје.
На советувањето ќе се дефинира и разграничи одговорноста нa содружниците и акционерите во трговското друштво и одговорноста на органите на управување и на надзорниот одбор во АД за обврските на трговските друштва, од аспект на Законот за трговски друштва и Законот за стечај, пред и по отворање на стечајната постапка како и по заклучувањето на стечајната постапка.
Целта на советувањето е да се даде приказ на самиот концепт на одговорност на членовите на органите на управување, тргнувајќи од одредени теоретски аспекти, преку законското регулирање на предметната материја, до заедничка анализа на евентуални случаи од судската пракса, како и воедначување на судската пракса.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..