Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира советување на тема „Концептот на антидискриминација“ кое ќе се одржи од 13-15 јуни, во хотел „Манастир“, Берово.
Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационите подрачја Скопје и Штип.
На советувањето свои излагања ќе имаат г-ѓа Хајди Штерјова-Симоновиќ, адвокат од Скопје, г-ѓа Лидија Димова, судија во Основниот суд Велес и г-ѓа Жанета Попоска од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Напоменуваме дека на обуката можат да се пријават единствено учесници кои претходно не ги посетиле советувањата на иста тема организирани од ОБСЕ и Академијата. Поради ограничениот број на учесници, истите ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.