Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, организира советување на тема „Пробација во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“, кое е предвидено да се одржи на 19 април 2017 година (среда) во просториите на Апелационен суд Штип.
Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители, адвокати од Штипското апелационо подрачје, како и претставници на центрите за социјална работа од ова подрачје.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..