Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Одговорност на управителите за надомест на штета согласно ЗТД со примери од судската практика“ кое е предвидено да се одржи на 13 април 2017 година (четврток) во просториите на Апелационен суд Битола.
Советувањето е наменето за судии и адвокати од Апелационото подрачје Битола.
Излагачи на советувањето ќе бидат судија Татјана Сусулеска од Апелационен суд Битола и проф. д-р Марко Андонов.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..