Здружението на јавни обвинители во РМ во соработка со Академијата за судии и јавни и обвинители „Павел Шатев“ и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведувањето на законите (ИНЛ) - Американска амбасада во Скопје, на 6 април 2017 година организираат тркалезна маса за борба против трговија со луѓе која ќе биде одржана во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.
Целта на одржувањето на тркалезната маса е потенцирање на проблемите при откривање на кривично дело - трговија со луѓе, детектирање на начини за решавање на проблемите и нивно надминување, елементите на кривичното дело, трговијата со луѓе во услови на мигрантската криза и други области во овој домен. Посебен акцент ќе биде ставен потешкотиите при откривање на жртвите на трговија со луѓе, а преку присуство на јавни обвинители и преставници на Министерството за внатрешни работи на РМ. Говорници на оваа тркалезна маса ќе бидат Вилма Русковска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Деса Пауновска, јавен обвинител во Совет на јавни обвинители на РМ и Маја Конеска, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Бројот на учесници на тркалезната маса е ограничен и тие ќе ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.