Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Инструментот за техничка помош и размена на информации (TAIEX) организира работилница на тема: „Принципот на еднаквост на оружјата во кривичната постапка (чл.6 од ЕКЧП)“.
Работилницата ќе се одржи на 11-12 мај 2017 година во Скопје (точната локација на работилницата дополнително ќе биде утврдена).
Работилницата е наменета за судии, јавни обвинители, адвокати, претставници на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП и на Министерството за правда на РМ.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Пријавувањето на учесници е заклучно со 29 март 2017. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.