Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година, организира советување на тема „Примена на Законот за експропријација – начин на определување на надоместок за експроприран имот со примери од судската практика“ кој ќе се одржи на 15 март 2017 година (среда) во просториите на Академијата.
Советувањето е наменето за судии, адвокати и преставници од Министерството за правда.
Излагачи на советувањто ќе бидат проф. д-р Родна Живковска од Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Валентина Димитровска од Управата за имотно правни работи.