Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, согласно Планот за обуки за задолжителна континуирана обука на судии и јавни обвинители 2017 година организира советување на тема „Пробација во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“, кое е предвидено да се одржи на 9 март 2017 година (четврток) во просториите на Апелационен суд Битола.
Советувањето е наменето за судии, јавни обвинители, адвокати од Битолското апелационо подрачје и претставници на центрите за социјална работа од ова подрачје.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
-->
ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА СОВЕТУВАЊЕ: „Пробација во согласност со Кривичниот законик и Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната/Пробациска служба“