-->

Повик за аплицирање на адвокати за обука за обучувачи во врска со членот 10 од Европската конвенција човекови права – Слобода на изразување

Адвокатската комора на Република Македонија објавува повик за аплицирање на адвокати за Обука за обучувачи во врска со членот 10 Европската конвенција човекови права – Слобода на изразување, која ќе се спроведува од страна Советот на Европа во соработка со Адвокатската комора на РМ.

Обуката ќе се реализира во февруари 2017 година,  во рамки на тригодишниот проект на Советот на Европа JUFREX што опфаќа шест држави/локации и се фокусира на слободата на изразување. Кандидатите кои ќе ја поминат обуката за обучувачи ќе се здобијат со сертификати за обучувачи на предметната тема, а ќе имаат и можност да бидат дел од повеќе последователни обуки во врска со членот 10 од ЕКЧП, кои ќе бидат спроведувани од меѓународни и домашни експерти.

Aдвокатите кои се заинтересирани да учествуваат на обуката за обучувачи треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • желба за зголемување на своите познавања од областа на слободата на изразување;
  • желба и спремност да ги пренесуваат своите новостекнати знаења од областа на слободата на изразување во рамки на активности организирани од или поврзани со Адвокатската Комора на Република Македонија;
  • работно искуство поврзано со слободата на изразување (искуство како адвокат во застапување по предмети поврзани со слободата на изразување или како правник на работни задачи поврзани со слободата на изразување);
  • солидно познавање од Европската конвенција за човековите права;
  • солидно познавање на англискиот јазик;
  • подготвеност во рок од две недели од селекцијата да поминат неколкучасовен on-line курс за зголемување на своите познавања во поглед на слободата на изразување;
  • подготвеност до моментот на одржување на Обуката за обучувачи за проучување на работниот материјал за обуката (Прирачник за слободата на изразување, адаптиран на националниот контекст со релевантната правна рамка и релевантната судска практика);
  • Подмирена членарина кон Адвокатската комора на РМ.

*Доколку  повеќе кандидати од предвидениот број ги исполнуваат наведените критериуми, како критериуми за избор при селекцијата ќе служат и степенот на познавање на предметната материја и релевантноста на работното искуство.

Адвокатската  комора на РМ ги повикува сите заинтересирани адвокати да испратат свое резиме/CV  на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  најдоцна до 20.12.16.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме