Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Данската Канцеларија за патенти и трговски марки, во рамките на ЕУ Твининг проектот „Зајакнување на спроведување на правата од интелектуална сопственост“ организира две дводневни советување на тема „Управно-судска заштита на правата од интелектуална сопственост“. Советувањата ќе се одржат во просториите на Академијата - ламела 1, во следните термини:
- 7 и 8 ноември 2016 година – понеделник и вторник, и
- 10 и 11 ноември 2016 година – четврток и петок.
Советувањето е наменето за судии од управни судови, испитувачи на трговски марки од ДЗИС и адвокати.
Излагачи на советувањето ќе бидат г. Јенс Феилберг, поранешениот претседател на Трговскиот суд на Копенхаген, и г. Торбен Енголм Кристенсен, главен правен советник во данската канцеларија за патенти и трговски марки.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Програмата можете да ја преземете од линкот подолу.