-->

Советување: „Концепт на индиректна дискриминација“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира советување на тема  „Концепт на индиректна дискриминација“ кое е предвидено да се одржи на  25.11.16 (петок) во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Министерство за правда и Министерство за внатрешни работи.

Целта на Советувањето е да даде преглед на меѓународната и националната судска пракса во постапките за утврдување индиректна дискриминација

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје и Aтанас Георгиевски, адвокат.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме