Адвокатската комора на РМ во соработка со ОБСЕ и Академијата за судии и јавни обвинители од 22 до 24 јуни во хотелот Манастир, Берово организира обука на тема „Концептот на не-дискриминација за правни практичари“ наменета за адвокатите од Апелационото подрачје Штип.
Предавачи на обуката ќе бидат Хајди Штерјова-Симоновиќ, адвокат од Скопје, Лидија Димова - судија во Основниот суд Велес, Атанас Георгиевски – Адвокатска комора на РМ (ментор) и Жанета Попоска –ОБСЕ (ментор).
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија до 13 јуни на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..