-->

СОВЕТУВАЊЕ: „Меѓународна и национална судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ОБСЕ организира советување на тема  „Меѓународна и национална судска пракса во постапки за утврдување директна дискриминација“ кое е предвидено да се одржи на  13.06.2016 (понеделник) во просториите на Академијата.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓанските оддели, адвокати кои постапуваат по овој вид предмети, претставници на Народниот правобранител, Министерството за правда и Министерството за внатрешни работи.

Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Жанета Попоска, Мисија на ОБСЕ во Скопје и Санде Зиков, судија на Основен суд Скопје 2 – Скопје.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..  Бројот на учесници е ограничен  и ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме