-->

ОНЛАЈН КУРС ЗА ПРАВДА ЗА ДЕЦА ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА ХЕЛП ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ПРАВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа-ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите подготвени во рамки на ХЕЛП Програмата. Овој пат, соработката продолжува со организација на уште еден курс за адвокати од областа на правда за деца.

Имплементацијата на курсот е поддржана од страна на Проектот на Советот на Европа „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“, во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа “Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III”.

Kурсот „Правда за деца“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци, позната како ХЕЛП. Се работи за програма на Советот на Европа изготвена со методологијата на ХЕЛП. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Станува збор за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Имено, курсот ги опфаќа клучните концепти и поими во однос на правдата приспособена на деца. Истовремено, овој курс ги опфаќа и релевантното европско право (на Советот на Европа и Европската Унија), импресивниот корпус на релевантна судска практика на Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата на Европската Унија, како и одлуките на релевантни меѓународни тела, чија работа е фокусирана на заштита на правата на децата.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс. Исто така, адвокатите кои успешно го завршиле курсот и добиле сертификат ќе бидат вклучени на листа на адвокати кои се стекнале со специјализирана обука за деца, согласно Законот за правда за децата.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 3 октомври 2026 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокати дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме