-->

ПРИЈАВЕТЕ СЕ НА ТРКАЛЕЗНА МАСА: „Општокорисна работа и условен отпуст во светло на новиот Закон за пробација“

Aкадемијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА Проектот  „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна“ организира тркалезна маса на тема  „Општокорисна работа и условен отпуст во светло на новиот Закон за пробација“ која ќе се одржи на 16.05.2016 во просториите на Академијата.

Тркалезната маса е наменета за адвокати, судии и јавни обвинители од кривичните оддели, преставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Управата за извршување санкции.

Излагачи на настанот ќе бидат г. Енди Стелман, експерт на ИПА проектот од областа на кривичното право и Весна Бабиќ, експерт за пробација, поранешен директор на Пробациската служба на Република Хрватска.

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15 мај  Бројот на учесници е ограничен  на 5 и изборот ќе биде според принципот „прв дојден – прв услужен“.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме