-->

Повик за учество на советување на тема „Граѓанско-правна одговорност на адвокати, нотари и извршители“

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ), организира советување на тема:

„Граѓанско-правна одговорност на адвокати, нотари и извршители“

Советувањето ќе се одржи на 30 септември 2026 година, во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ – ламела 1.

Настанот е наменет за адвокати, судии, нотари и извршители, како и за стручни соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат Катерина Георгиевска, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, и германски експерт ангажиран од страна на IRZ.

Програмата според која ќе се реализира советувањето ќе биде доставена дополнително.

Се повикуваат заинтересираните адвокати да го пријават своето учество на електронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 15.09.2026 година со наведување на име и презиме и контакт-податоци.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме