-->

ПОВИК ЗА ОБУКА ЗА ТРЕНЕРИ - СТАНЕТЕ СЕРТИФИЦИРАН ТРЕНЕР ЗА CONSUMER LAW READY

Consumer Law Ready е образовна програма за потрошувачко право на ниво на ЕУ за мали и средни претпријатија (МСП).  Програмата за тренери на Consumer Law Ready ги надоградува експертите за потрошувачко право, со знаења и дополнителни вештини за да ги обучуваат малите и средни претпријатија (МСП) во сите аспекти на потрошувачкото право.

Consumer Law Ready (CLR) е проект финансиран од Европската Унија, со поддршка од Европската комисија и се спроведува во периодот од 5 јуни 2025 до 4 декември 2026 година, со цел да им помогне на (МСП) полесно да ги разберат и применуваат правилата за заштита на потрошувачите во ЕУ, особено во дигиталната трговија и прекуграничното работење, како и да ги зајакне  знаењата на МСП, да ja подобри усогласеноста со законите, да изгради  доверба кај потрошувачите и поддршка на фер конкуренцијата. Проектот се спроведува преку систем „обука на тренери“ и е координиран од европски конзорциум составен од Eurochambres, BEUC и SMEunited.

Во Република Северна Македонија, проектот го спроведува Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), која ќе организира обука за локални тренери. Обуката ќе ја спроведуваат експерти од областа, а обучените тренери понатаму ќе го пренесуваат стекнатото знаење на малите и средни претпријатија.

По успешно завршување на обуката, учесниците ќе добијат сертификат за обучен тренер (Consumer Law Ready Trainer Certificate), со кој се потврдуваат стекнатите знаења и компетенции за спроведување обуки за МСП во областа на потрошувачкото право.

Откако ќе станете сертифициран тренер, ќе можете да организирате сопствени обуки и тренинг-настани за МСП.

Обуките вклучуваат онлајн модули, практични совети и интерактивни сесии, достапни преку веб-страницата: www.consumerlawready.eu.

Обуката ќе опфати 7 тематски модули:

  • Модул 1 се однесува на правото на потрошувачот да добие преддоговорни информации.
  • Модул 2 ги претставува правата на потрошувачот да се повлече од договорот на далечина и договорот вон деловните простории на трговецот.
  • Модул 3 се фокусира на правната заштита што трговецот мора да ја обезбеди кога производите не се во согласност со договорот.
  • Модул 4 се однесува на нечесната трговска практика и нечесните договорни одредби.
  • Модул 5 се фокусира на алтернативно решавање спорови за потрошувачи (ADR).
  • Модул 6 ги претставува главните информации што претприемачите треба да ги знаат кога користат платформи за продажба на своите стоки и услуги.
  • Модул 7 ја воведува темата за безбедност на производите.

Дводневната онлајн обука за тренери е предвидено да се одржи на 01-02.07.2026 година во период од 16:30 часот до 19:30 часот на платформата ZOOM и ќе биде спроведена на македонски јазик.

Доколку сте заинтересирани за учество, ве молиме да го пополните онлајн формуларот за пријавување на следниот линк најдоцна до 30.06.2026 година. По завршувањето на регистрацијата, сите пријавени учесници ќе добијат линк за пристап и вклучување на обуката, кој ќе биде доставен на е-поштата наведена при пријавувањето.

 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме