-->

Повик за учество во Мултилатералната програма за практикантска работа за адвокати во Германија

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги информира своите членови дека Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ), во соработка со Германската федерална адвокатска комора и Германското здружение на адвокати, организира Мултилатерална програма за практикантска работа за адвокати, која ќе се одржи во периодот од 27 септември до 31 октомври 2026 година.

Програмата е наменета за помлади адвокати кои работат во областа на граѓанското, трговското и деловното право. Предност ќе имаат кандидати со неколкугодишно професионално искуство.

Кандидатите треба да имаат многу добро познавање на германскиот јазик, вклучително и правна терминологија, и да бидат подготвени, доколку IRZ побара, да полагаат тест за проверка на јазичните познавања.

Во програмата не можат да учествуваат адвокати кои работат во германска адвокатска канцеларија, во адвокатска канцеларија што има канцеларии во Германија или во адвокатска канцеларија што е партнерска канцеларија на адвокатска канцеларија со седиште во Германија.

Предвидената програма опфаќа воведен семинар во Бон, практикантска работа во германска адвокатска канцеларија и завршен евалуациски семинар.

Апликациските документи наведени во описот на програмата треба да се достават најдоцна до 17 јули 2026 година.

Повеќе информации за условите за учество, финансиските услови и начинот на аплицирање се достапни во приложените документи:

  • Опис на програмата – услови за учество на германски/англиски јазик;
  • Формулар за аплицирање.

Апликацискиот формулар треба да биде пополнет електронски, на компјутер.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме