-->

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКА ОД ОБЛАСТА НА БЕГАЛСКОТО ПРАВО

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги повикува заинтересираните адвокати да земат учество на обука од областа на бегалското право, која ќе се одржи на 27 и 28 април во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

Обуката се организира во соработка со Македонското здружение на млади правници (МЗМП), Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации во Северна Македонија (УНХЦР), Адвокатската комора на РСМ и Академијата за судии и јавни обвинители, во рамките на проектот:

„Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР и застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството“.

Обуката ќе се реализира согласно посебно креиран модул за бегалско право, чија цел е обезбедување континуирано јакнење на капацитетите на релевантните чинители во оваа област.

Во рамките на обуката ќе бидат обработени повеќе тематски единици, меѓу кои:

  • поимот и дефиницијата на бегалец,
  • меѓународната правна рамка,
  • правата и обврските на бегалците,
  • како и други релевантни аспекти утврдени со Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година.

Обуката е наменета за адвокати, јавни обвинители и судии, со цел унапредување на практичните и теоретските знаења во областа на бегалското право.

Рокот за пријавување е до 15 април 2026 година.

Пријавувањето се врши на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме