-->

ОНЛАЈН КУРС ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА: „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија“

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа и проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија - ПРО-ФРЕКС“ во соработка со ХЕЛП Програмата за едукација за човекови права за правни професионалци/ки, преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите. Овој пат, соработката продолжува со организација на уште еден курс за адвокат(к)и од областа на Заштита и безбедност на новинар(к)ите.

Имплементацијата на курсот е поддржана од страна на Проектот на Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија-ПРО-ФРЕКС“, во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција III”.

Курсот е изработен заедно со Одделот за информатичко општествоо при Советот на Европа, во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)” имплементиран во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција II“. За развој на курсот придонесоа и претставници од Платформата на Советот на Европа за Заштита на новинарството и безбедност на новинарите и Канцеларијата на Комесарот за човекови права при Советот на Европа, како и адвокат со долгогодишно искуство од Регистарот на Европскиот суд за човекови права.

Слободата на изразување и пристапот до информации се темели на јавната дебата и демократијата. Курсот има за цел да им помогне на правните професионалци/ки, новинар(к)ите и органите за спроведување на законите да ги препознаат и адресираат заканите кон медиумските чинители.

Структура на курсот:

  1. Клучни стандарди и принципи – вовед, слобода на изразување, новинари и други медиумски чинители
  2. Закани по новинарството – видови закани, ефекти и одговори
  3. Правни рамки, механизми и алатки – меѓународни и регионални стандарди, Платформа на Советот на Европа
  4. Физички и психолошки интегритет – обврски на државата, практични аспекти, неказнивост и ефекти
  5. Новинарство во акција – собирање и објавување информации, заштита на извори, новинарство на судење, соработка со органите за спроведување на законот

Курсот е отворен за сите заинтересирани адвокат(к)и. По завршување, учесниците/чките ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокат(к)и за горенаведениот курс е до 5 септември 2025 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците/чките ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокат(к)и дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Email: lawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме