-->

ХЕЛП ОНЛАЈН КУРС ЗА СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја продолжува својата успешна соработка со Советот на Европа и проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија - ПРО-ФРЕКС“, во соработка со ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци/ки преку одржување на континуитетот на спроведување на онлајн курсевите. Овој пат, соработката продолжува со организација на уште еден курс за адвокат(к)и од областа на слобода на изразување.

Имплементацијата на курсот е поддржана од страна на Проектот на Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија-ПРО-ФРЕКС“, во рамки на заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа “Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција III”.

ХЕЛП онлајн курсот за Слобода на изразување е подготвен во рамки на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа - ЈУФРЕКС 1“, додека преводот и адаптацијата на домашниот контекст се направени во рамките на проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија. – ЈУФРЕКС 2“ а ХЕЛП програмата ја овозможува платформата за спроведување на курсот. Материјалите за обука се изготвени од меѓународни консултант(к)и, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа, додека пак адаптацијата и локалниот контекст се изработени од локални консултант(к)и. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Имено, курсот ги опфаќа клучните концепти и поими во однос на слободата на изразување. Исто така, овој курс ги опфаќа и релевантното европско право (на Советот на Европа и Европската Унија), импресивниот корпус на релевантна судска пракса на Европскиот суд за човекови права и Европскиот суд на правдата на Европската Унија, како и одлуките и препораките на релевантни меѓународни тела фокусирани на слободата на изразување и поврзаните концепти и поими.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокат(к)и. По завршување на курсот, адвокат(к)ите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокат(к)и за горенаведениот курс е до 13 март 2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Учесниците/чките ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Пријавените адвокат(к)и дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на ХЕЛП платформата, како и за точниот датум на започнување на курсот.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме