Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, преку Центарот за доживотно учење, организира обука на тема: „ПРИМЕНА НА АПЛИКАЦИИ БАЗИРАНИ НА ГЕНЕРАТИВНА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО АДВОКАТСКАТА ПРОФЕСИЈА“.
Обуката ќе биде спроведена од страна на професори од областа на Информатиката и Правото. Во прилог на оваа објава проследете ја агендата за настанот и пријавата за регистрација во која се наведени два начини на пријавување - преку емаил и преку линк. Обуката е еднодневна. Котизација изнесува 5.000,00 денари + 18 ДДВ за секој учесник, со кафе паузи и освежување. За завршената обука учесниците добиваат сертификат за помината обука I ниво.
Заинтересираните учесници за оваа обука можат да се пријават и да достават доказ за извршена уплата најдоцна до 19 Февруари 2025 година.
Бројот е ограничен на 30 учесници, а пријавувањето е по принципот: прв пријавен-прв запишан.
За потребите на спроведување на вежбите, пријавените учесници да носат лаптоп.
Уплатите треба да се вршат на следната сметка:
ПП50
Трансакциска сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 160016033078822
Приходно конто: 723113
Програма: 44
Цел на дознака: (обука за вештачка интелигенција)
Контакт:
е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Агендата и пријавата преземете ги од полињата подолу.