-->

ОБУКА ВО СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДРЖАВНИ СУДОВИ НА САД: „ЕТИЧКИ ДИЛЕМИ ЗА АДВОКАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Адвокатската Комора ја продолжува својата соработка со Националниот Центар за државни судови на САД и во рамките на проектот „Континуирана правна едукација за адвокатите од кривичното право во Северна Македонија“ финансиски поддржан од Амбасадата на САД во РСМ и INL - Стејт Департментот, организира дводневна обука на тема „Етички дилеми за адвокатите бранители во Северна Македонија“.

Обуката ќе се одржи со физичко присуство на ден 13 и 14 февруари 2025 година, во просториите на Стартап Клуб Скопје (Среќа Бар, бул. 3-та Македонска Бригада бр. 60, Скопје). Обуката е предвидено да трае од 09.30 до 15.00 часот. Обуката ќе се води од страна на адвокати - обучувачи.

Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, а по комплетирањето адвокатите ќе се стекнат со сертификат за успешно завршена обука. За добивање на сертификат потребно е присуство на двата дена на обуката.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведената обука е до 06.02.2025 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката."

 
 
 
 
 
 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме