-->

ОБУКА ВО СОРАБОТКА СО НАЦИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДРЖАВНИ СУДОВИ НА САД: „ЕТИЧКИ ДИЛЕМИ ЗА АДВОКАТИТЕ БРАНИТЕЛИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“

Адвокатската Комора ја продолжува својата соработка со Националниот Центар за државни судови на САД и во рамките на проектот „Континуирана правна едукација за адвокатите од кривичното право во Северна Македонија“ финансиски поддржан од Американската Амбасада во РСМ и INL - Стејт Департментот, организира дводневна обука на тема "Етички дилеми за адвокатите бранители во Северна Македонија".


Обуката ќе се одржи на 10 и 11 Декември 2024 година во Jaвна соба (Public Room) на ул. 50-та Дивизија бр. 22. Обуката е предвидена да трае од 09.30 до 15.00 часот. Обуката ќе се води од страна на адвокати - обучувачи.
 
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот адвокатите ќе добијат сертификати.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 05.12.2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме