На 19 и 20 септември во Нови Сад, Србија ќе се одржи семинар на тема „Премостување на јазот помеѓу правото и технологијата: Улогата на адвокатите во вештачката интелигенција, дигитализацијата и заштитата на податоците“. Семинарот е во организација на Меѓународната унија на адвокати, Адвокатската комора на Србија, Адвокатската комора на Војводина и Правниот факултет во Нови Сад.
Темата на семинарот е од областа на вештачката интелигенција, дигитализирањето и заштитата на податоците и целта е да ги поврзе теоретските и практичните знаење од овие моментално исклучително важни теми.
Агендата и останатите детали во врска со котизацијата за учество и генерално за настанот можете да ги погледнете на линкот подолу.
-->