Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје со поддршка на проектот „За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“„ кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, организираат еднодневна Обука на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“.
Обука ќе се одржи со физичко присуство во Скопје, во просториите на Центарот за едукација на Адвокатската комора на Република Северна Македонија на ден 03.07.2024 година.
Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, а по комплетирањето на обуката, адвокатите ќе се стекнат со Сертификати за успешно завршена обука.
Материјалите за конкретната обуката „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“ се изработени од домашни консултанти во рамките на гореспоменатиот проект на Европската Унија и Советот на Европа.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведената обука е до 25 јуни 2024 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката.
*Напомена:
За оваа обука не е предвидено надоместување на патните трошоци и трошоци за сместување на адвокатите кои доаѓаат од другите градови од државата.