-->

Во Белград одржана регионална работилница за е-учење

На 21 и 22 април 2016 година во Белград, Србија, Адвокатската комора на РМ со свој преставник учествуваше на  регионалната работилница –  Е-учење за администратори.

1380

Обуката е дел од активностите на Регионалната програма за Е-учење која ја спроведува „Партнери Србија“ со поддршка на „Балканската регионална мрежа за владеење на правото“ (BRRLN).

Програмата има за цел да се подобри системот на континуирано образование на правници, преку развој на онлајн тренинг програми за адвокати, адвокатски приправници и други правни професионалци од регионов.

1379

Во текот на работилницата, на администраторите (преставниците делегирани од коморите во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија) им беа презентирани предностите и механизмите на онлајн системот за обука на адвокати, беа спроведени практични вежби, а беа разменети и компаративни искуства во однос на најчестите предизвиците со кои се соочуваат коморите во регионот. Во дискусијата, преку Скајп се вклучија и странски експерти, кои споделија совети за управување со електронските бази на податоци и  комуникација со членовите на Комората.

>> Како член на Балканската регионална мрежа за владеење на правото, македонската Адвокатска комора ја користи електронската платформа каде поставува курсеви за адвокати и останати професионалци во правната професија. Ви препорачуваме да ги посетите курсевите и да ги дадете Вашите коментари. Електронските презентации проследете гиТУКА.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме