Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП организира советување на тема „Почитување на правото на сопственост – член 1 од Протокол 1 на ЕКЧП“.
Советувањето e предвидено да се одржи на 2 и 3 март 2016 година (среда и четврток) во просториите на Академијата со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за адвокати, судии и судски соработници од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, како и за учесници од невладиниот сектор.
Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на советувањето, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 22 февруари.