Заради големиот интерес за учество на обуките за регистрационен агент, а со цел да се опфатат сите пријавени адвокати за обуките во Скопје, Ве известуваме дека се организираат дополнителни термини за обуки во текот на месец октомври.
Напоменуваме, секој пријавен адвокат за учество на обука за регистрационен агент, на е-маил ќе добие потврда за учество на обуката со наведени време и место на одржување.