Адвокатската Комора на Република Македонија поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје организирачетири еднодневни обуки на оваа тема кои ќе се одржат во Скопје на 26, 27, 29 и 30 октомври, 2015 година. Обуката е практична и бара активно учество со претходна подготовка врз основа на работни материјали кои во електронска форма ќе бидат доставени до учесниците пред почетокот на обуката.

Заинтересираните адвокати можат да се пријават во Адвокатска комора на РМ на е-меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. заклучно со 24 септември 2015 година. При пријавувањето се замолуваат да остават е-маил адреса и телефон за контакт.

 

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги покрива трошоците на учесниците за храна и освежување во текот на обуката, како и ограничен број на ноќевања со појадок за оние учесници кои ќе пристигнат од други градови оддалечени повеќе од 50км од Скопје. Патни трошоци не се покриени, а местата се ограничени.

Обучувачи се:

  • Мајкл Г. Карнавас, адвокат од САД (26,27,29,30 октомври)
  • Даниел Ивановски, адвокат од РМ (26 октомври)
  • Весна Јовановска, адвокат од РМ (27 октомври)
  • Марге Сотировска, адвокат од РМ (29 октомври)
  • Хајди Штерјова, адвокат од РМ (30 октомври)

 

Предлог програмата на обуките можете да ја погледнете овде: