-->

ПОЧНУВААТ ОБУКИ ЗА РЕГИСТРАЦИОНИ АГЕНТИ ВО ЦРМ НАМЕНЕТИ ЗА АДВОКАТИ И АДВОКАТСКИ ДРУШТВА

Почнуваат обуките за регистрациони агенти наменети за адвокати и адвокатски друштва, согласно измените и дополнувањата за Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица (Службен весник на РМ бр.97/2015).

Присуството на обуките и добивањето на потврда за успешно завршена обука претставуваат неопходен услов за добивање на овластување за регистрационен агент од Централениот Регистар на Република Македонија како надлежна институција.

Напоменуваме дека времетрењето на една обука е два работни дена, како што е дадено во распоредот кој го објавуваме во прилог.

Сите адвокати кои сакаат да добијат овластување за регистрационен агент, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .

Распоред на обуки за регистрациони агенти по градови

  1. ГОСТИВАР       – 15 и 16.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – ЕЛЕМ
  2. ТЕТОВО            – 15 и 16.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Хотел Лирак
  3. БИТОЛА           – 17 и 18.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Општина Битола
  4. ОХРИД              – 17 и 18.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Хотел Милениум
  5. ГЕВГЕЛИЈА     – 21 и 22.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Театар, мала сала
  6. СТРУМИЦА      – 21 и 22.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Хотел Тивериопол
  7. КОЧАНИ           – 23 и 24.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Правен факултет, Амфитеатар
  8. ПРИЛЕП           – 23 и 24.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Библиотека Борка Талеска
  9. ШТИП               – 28 и 29.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Општина Штип, голема сала
  10. ВЕЛЕС              – 28 и 29.09.2015г.     – 10.00 – 14.30 часот  – Сала во Општина Велес
  11. КУМАНОВО     – 30.09 и 01.10.2015г.- 10.00 – 14.30 часот  – Центар за култура, мала сала
  12. СКОПЈЕ /I обука/ – 05 и 06.10.2015г.- 10.00 – 14.30 часот  – Народна Банка на РМ /8-ми спрат/                                                                                    
  13. СКОПЈЕ /II обука/ – 07 и 08.10.2015г. – 10.00 – 14.30 часот  – Народна Банка на РМ/8-ми спрат/

 

Согласно законските одредби за добивање на овластување за регистрационен агент, покрај присуството на обуките и добивањето на потврда за успешно завшена обука, лицето треба да ги исполнува и следните критериуми:

  • Да исполнува одредени техничко–технолошки услови и опрема соодветни за остварување на овластувањето, да има потпишано договор за користење на Системот за е-регистрација со ЦРМ и да поседува личен квалификуван дигитален сертификат, согласно Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис,
  • Да има потпишано изјава за заштита на личните податоци пред почетокот на работата и дека ќе ги почитува правилата за поднесување пријава за упис определени со закон.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме