Адвокатската комора на Р.С.Македонија во соработка со Советот на Европа објавува повик за пријава на адвокати за курсот „Правда за деца: Примена на правото за бесплатна правна помош при работа со деца“.
Овој курс е изработен во рамките на проектот Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија„ кој е дел од програмата ‘’Хоризонтален инструмент II за Западен Балкан и Турција 2019-2022ʻʻ, заеднички проект на Европската унија / Совет на Европа којшто го спроведува Советот на Европа.
Со оглед на ситуацијата со вирусот Covid – 19, курсот ќе се одржи онлајн, преку веб-платформа за е-учење.
Материјалите за курсот се изготвени од интернационални и национални експерти на Совет на Европа, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи за онлајн курс, којшто е интерактивнен и се состои од повеќе модули.
Курсот е структуиран во 3 модули од кои 1 се смета за подготвителен и 2 модули се посветени на правната содржина поврзана со примената на правото за бесплатна правна помош при работа со деца. По завршување на трите модули ќе биде зададен завршен тест кој го апсолвира сработеното во модулите.
Предвидено времетраење на курсот е 5 недели во чиј тек покрај предвидените материјали за читање задолжителни ќе бидат и 2 работни сесии. Овие сесии во зависност од мерките кои владата ќе ги донесе во врска со Covid – 19 за сега се предвидени да се одвиваат онлајн. Меѓутоа доколку се променат околностите сесиите ќе се одвиваат во живо.
Насоките за започнување на курсот ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални онлајн инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на курсот, како и структурата на истиот дополнети со начинот на регистрација и навигација низ онлајн платформата.
Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на истиот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на РСМ за успешно завршен курс.
Курсот е планиран да започне во месец Октомври 2021 година. Адвокатите кои ќе бидат избрани дополнително ќе бидат известени за процесот на регистрација на онлајн платформата, како и за точниот датум на започнување на обуката.
Адвокатите кои успешно ќе го завршат курсот и ќе добијат сертификат ќе бидат вклучени на листата на адвокати кои имаат стекнато специјализирана обука за деца, согласно Законот за правда за децата. Оваа листа од страна на Адвокатската комора на РСМ ќе се достави до релевантните институции.
Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 20 Септември 2021 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .