Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советувањa на тема „Спогодување за кривична санкција/Признание на вина/Забрзани постапки“ што ќе се одржи на 10 јуни во Апелациониот суд Штип.
Советувањето е наменето за адвокати, судии од кривичните оддели и стручни соработници од Апелационото подрачје Штип.
Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организран криминал и корупција и г-дин Дељо Кадиев, адвокат од Скопје.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..