Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ИПА проектот „Понатамошна поддршка за независно, одговорно, стручно и ефикасно судство и промоција на условната казна и алтернативните мерки“ организира советување на тема „Кривично-правни аспекти на корупцијата/ Споредбена пракса на Хрватска и Европскиот суд за човекови права“ кое предвидено да се одржи во периодот од 17-18 мај 2016 година.
Советувањето е наменето за судии од кривичните оддели, адвокати и претставници од Државната комисија за спречување на корупција.
Предавачи на советувањето ќе бидат д-р Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Групата држави против корупција на Советот на Европа (ГРЕКО) и д-р Лаура Балковиќ, адвокат од Загреб.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија најдоцна до 9 мај на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .