Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Медијација“ кое предвидено да се одржи на 11 мај во просториите на Академијата.
Предавачи на советувањето ќе бидат Маргарита Николовска, правник – медијатор и Јованка Никодиновска, судија од Апелациониот суд Скопје.
Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја, преставници од Министерството за правда, адвокати и медијатори.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .