Проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската унија, а спроведен од Меѓународната организација на трудот со поддршка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира Работилница на тема „Примена на меѓународното трудово право од страна на националните судови“. Работилницата е предвидено да се одржи на 18 мај 2016, во х. Арка, Скопје, со почеток во 09 часот.
Работилницата е наменета за судии кои постапуваат во областа на трудовото право, како и адвокати.
Модератор на Работилницата ќе биде Кристина Михеш, Виш специјалист од Меѓународната организација на трудот за социјален дијалог и трудово право, а ќе се дискутира на следниве теми:
- – Облигационата моќ на меѓународните стандарди за трудот – правна природа и примена: Надзорниот механизам на МОТ
- – Кога и како може националните судии и адвокати да го применуваат меѓународното трудово право
- – Слобода на здружување и заштита на правото на здружување: Меѓународно право и практика; Национално обичајно право (case law)
- – Заштита од дискриминација врз основа на здружување и правото на колективно договарање: Меѓународно право и практика, Национално обичајно право
- – Работни односи и заштита од неправедно отпуштање: Меѓународно право и практика, Национално обичајно право.
На крајот од Работилницата, учесниците ќе се здобијат со сертификат.
Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 10 мај (вторник). Бројот на учесници е ограничен и изборот ќе биде според принципот „
Проследете ги Конвенциите кои ќе бидат предмет на дискутирање на Работилницата: