Адвокатска канцеларија БЕГОВА има потреба од прием на двајца адвокати. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Важечка адвокатска лиценца издадена од Адвокатска комора на Република Северна Македонија
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола за Б категорија
- Познавање на албански или турски јазик ќе се смета за предност
- Напредно познавање на Microsoft Office
Избраните кандидати ќе ги извршуваат следните работни позиции:
- Застапување пред надлежните судови во граѓански, стопански, работни спорови и управни постапки,
- Застапувања во постапки кои се водат пред Извршители, Нотари или државни институции и органи,
- Изготвување на акти и поднесување барања за упис на промени во Централен Регистар
- Изготвување на правна документација
Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе имаат почетна обука за запознавање и совладување на работните процеси во Адвокатската канцеларија.
Нудиме компетитивна плата и одлични работни услови и можност за професионален и личен развој.
Вашите мотивациони писма со CV испратете ги на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..