Адвокатско друштво ДОНЕВСКИ од Скопје вработува адвокат/адвокатски стручен соработник

Адвокатско друштво ДОНЕВСКИ од Скопје го проширува својот тим и вработува:

  1. Адвокат/Адвокатски стручен соработник

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ПОЗИЦИЈАТА

  • Завршен правен факултет (тригодишни правни студии и мастер студии по право)
  • Положен правосуден испит на Република Северна Македонија
  • Работно искуство од најмалку 3 (три) години на позицијата за која се пријавува

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Изготвување на тужби, жалби, опомени, дописи до државни органи, извршители, нотари, адвокати, поднесоци, договори, одлуки, решенија и други правни акти;
  • Подготвување и процесирање на документација за постапки за упис и промени во Централниот регистар на РСМ;
  • Застапување пред судови;
  • Изготвување на правни мислења и давање на клиентска поддршка во вид на правни консултации на дневно ниво;
  • Активно познавање на англискиот јазик;
  • Напредна работа со програмите на Microsoft Office и останати алатки за редовна употреба на персонален компјутер;
  • Самоиницијативност, лојалност и професионалност;
  • Тимска работа

Адвокатско друштво ДОНЕВСКИ Скопје овозможува услови за прилагодување и вовед во работата, како и можности за стручно усовршување и напредок во практикувањето на правото и кариерата преку професионален развој во конкурентна и динамична атмосфера. Заинтересираните кандидати, своето CV можат да го достават на следната e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Краен рок за пријавување: 25.04.2025 година

 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме