Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) во соработка со Националниот Центар за државни судови на САД и во рамките на проектот „Континуирана правна едукација за адвокатите од кривичното право во Северна Македонија” финансиски поддржан од Американската амбасада во РСМ и INL - Стејт Департментот организира уште една обука на тема „Етички дилеми за адвокатите бранители во Северна Македонија".
Обуката ќе се одржи на 15 декември 2023 година во Центарот за едукација на Адвокатската комора и истата предвидено е да трае од 09:00 до 14:15 часот. Обуките ќе се водат од страна на адвокати - обучувачи во соработка со обучувачи - експерти од САД.
Оваа обука е отворена за сите заинтересирани адвокати, а по завршување на истата адвокатите ќе добијат сертификати.
Адвокатите кои се заинтересирани за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 25.11.2023 година нa имеил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен. На пријавените адвокати дополнително ќе им биде испратена агендата и материјалите за обуката.