Oворен ден за граѓаните по повод Европскиот ден на правдата

27 Октомври 2023
По повод Европскиот ден на правдата - 25 Октомври, Адвокатската комора на Република Северна Македонија (АКРСМ) во своите простории организираше отворен ден за граѓаните.



На овие средби граѓаните преку разговор со адвокати можеа да се информираат за своите  права.
 
Европскиот ден на правдата секоја година се одбележува во сите држави во Европа со организирање на на отворени денови во различни институции, организирање на конференции и сл.

Целта за одбележување на Европскиот ден на правдата е на граѓаните да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните човекови права. Исто така, на овој ден граѓаните се запознаваат со функционирање на системот на правосудството во поширока смисла. 

Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме